ДЕСЕРТ НА ДЕНОТ: Меки брауни колачиња со Нутела – ќе ги направат и неискусните

март 15, 2023

Љубителите на меки колачиња кои се топат во уста ќе се опседнат со овој рецепт за Нутела браунис колачиња. Нема да ги промашите дури и ако не сте махер во кујна.
Овие Нутела браунис колачиња со сигурност ќе ги обожавате заради богатиот вкус, а можат да ги подготват дури и неискусните во кујна.

 

Потребни состојки (за плех со димензија 8х8):

  • 170g несолен путер, стопен и малку оладен
  • 250g шеќер
  • 3 големи јајца
  • 250g темно чоколадо, стопено и малку оладено
  • 150g Нутела крем
  • 100g брашно
  • 30g какао
  • 1 лажица сол
  • 150g чоколаден чипс

Начин на подготовка:

  • Истурете ги стопениот путер и шеќерот во сад и измиксирајте додека смесата не се соедини.
  • Додадете ги јајцата, измиксирајте, а потоа додадете ги стопеното чоколадо и Нутелата, па повторно измазнете ја смесата со миксер.
  • Додадете ги состојките во прав и измешајте, а на крај ставете го и чоколадниот чипс и повторно изедначете ја смесата.
  • Истурете ја чоколадната смеса во калап врз хартија за печење и печете 30-35 минути на температура од 170С°.
  • Оставете да се олади и ставете го колачот најмалку 3 часа во фрижидер пред да послужите.

Видео постапка:

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ