Брз и лесен рецепт за домашен леб

март 2, 2023

Се сеќавате ли на мирисот на домашниот леб што го печеа вашите баби кога бевте деца? Сега и самите можете да замесите леб по овој едноставен рецепт.

За да го испечете лебот, изберете долгнавеста тепсија со димензии 30 х 10 сантиметри.

Потребни состојки:

  • 800g бело брашно
  • 600-700ml млака вода
  • 1 коцка свеж квасец
  • 2 лажички сол
  • 1 лажичка шеќер

Начин на подготовка:

  • Ставете го квасецот да стаса со малку млака вода, една лажичка брашно и шеќер.
  • Кога ќе нарасне, ставете го во брашното кое претходно сте го просеале во сад.
  • Во брашното ставете ги и двете лажички сол и лажичката шеќер. Полека додавајте од млаката вода и замесувајте со рака. Тестото треба да биде меко, но лесно да се обликува.
  • Покријте го со ќеса и оставете го во топла просторија да стаса.
  • Премесете го уште еднаш и со рацете, поделете го на два дела и направете долгнавести форми во вид на векна леб.
  • Ставете ги векните леб во подмачкана тава која претходно сте ја набрашниле. Откако малку ќе порасне тестото, ставете го да се пече во загреана рерна на 250°С.
  • Штом се зацрвени кората, намалете ја температурата на 200 степени, а по потреба покријте го лебот и со хартија за печење.
  • Пред да го покриете со хартија, премачкајте ја кората со студена вода со четка, за да омекне. Печете 45-50 минути.
  • Откако ќе се испече, замотајте го во влажна крпа и оставете го да остине, па послужете го.
Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ