Во овој ден го празнуваме чудото на Господ Бог и Спасителот наш Исус Христос, што го направи над слепородениот. И ова чудо го направи со помош на вода, како и она со Самарјанката и со раслабениот. А се случи вака: Додека Господ разговараше со Јудеите и Себе се правеше рамен на Отецот, велејќи: Јас постојам уште пред да се роди Авраам, тие зедоа камења за да ги фрлат по Него. Но Он, заминувајќи оттаму, најде еден слеп човек кој одеше со пипање. Така било од неговото раѓање, имајќи ги само празнините во очите. Учениците, пак, Го прашаа Спасителот: Учителу, кој згрешил? – Тој или родителите негови? Ова прашање тие го поставија затоа што Господ порано на раслабениот беше му рекол: Ете, сега си здрав, и повеќе не греши; па мислеа дека причина за неговото слепило се гревовите негови или на неговите родители. Отфрлајќи ги сите овие работи, Христос рече: Ова не е од тие причини, туку за да се јават делата на Бога, односно Моите. Штом го рече тоа, Христос плукна на земјата, направи кал и го намачка местото кај што се наоѓаат очите, и му нареди да отиде во бањата Силоам и да се измие, за да покаже дека Он е тој што во почетокот зеде прав од земјата и го создаде човекот. И бидејќи окото е еден од најважните органи на телото, го создава, иако тоа не постоеше, за да покаже, исто така, дека Он е тој што и дава движење и на душевната сила. Он не се служи со вода, туку со Својата плунка, за да се знае дека секоја благодат доаѓа од Неговата уста. Откако се изми, слепиот прогледа. Неговите соседи и тие што го познаваа, кога видоа дека тој прогледал, се збунија. Самиот, пак, признаваше дека порано бил слеп и, кога го прашаа за причината на неговото прогледување, тој раскажуваше дека Христос е исцелителот на неговата мака. А фарисеите, кога слушнале за ова преславно чудо, повторно го обвинуваа Спасителот дека не ја почитува саботата, бидејќи, како што се чини, и ова чудо, со слепиот, се случило во сабота. И настана расправија меѓу нив: едни велеа дека Исус е од Бога, поради чудата што се случуваа, а други велеа дека не е од Бога, бидејќи не ја почитува саботата. Фарисеите пак му рекоа на слепиот: Прослави Го Бога, бидејќи исцелението е од Него, а не од Христа, оти Тој е грешен, затоа што ја разорува саботата. Слепиот одговори: Ако Он не е испратен од Бога, не би можел да го направи ова чудо. Тогаш тие почнаа да го навредуваат и го избркаа од синагогата. Отпосле го најде Исус и му рече: Веруваш ли ти во Синот Божји? А тој, кога дозна Кој е Оној што му зборува, Му се поклони и стана Негов ученик, проповедајќи го Неговото добро дело.
Во овој ден го празнуваме чудото на Господ Бог и Спасителот наш Исус Христос, што го направи над слепородениот!
Утре е голем и тежок христијански празник Св. Архангел Михаил кој секоја година се слави на 21 ноември, а по…
На 28 Ноември во 19:00 часот во НУЦК „Антон Панов“ – Струмица, ќе настапи група составена од студенти-волонтери од различни…
На почетокот на видео обраќањето Орбан ги откри причините за свикување на вонредната седница на унгарскиот совет за одбрана. „Среда…
Конечно и во Струмица доаѓа големиот детски – светски спектакл, Театарската претстава за деца “Пинокио, која е пропратена со новокомпонирани…
Владимир Ристов, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ: 30.000 ЕВРА РАЗЛИКА ВО ДОГОВОРИТЕ ЗА НАБАВКА НА…
ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦА: КОСТАДИНОВ ОТИДЕ ДО ПАРИЗ, ЗА ДА СЕ СЛИКА СО ПЛАКЕТА ОД ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ ОД УНИВЕРЗИТЕТ ВО СКОПЈЕ Костадинов…