Во времето на царот Пров, во 3. век, кога над Антиохија началствуваше некој Атик, дојдоа во Антиохија двајца христијани, Трофим и Саватиј, обајцата угледни и чесни граѓани. Но, се случи токму во тоа време скверното празнување и жртвопринесување на Аполон во Дафна кај Антиохија. Атик особено се грижеше сите граѓани да земат учество во тоа празнување. Па бидејќи некои ги видоа Трофим и Саватиј, му јавија на Атик дека овие туѓинци не земаат учество во нивниот празник. Атик ги даде на суд, па бидејќи не се одрекоа од Христа, еден по еден ги подложи на маки. Откако ги изби и ги намачи, Трофима го испрати во Фригија кај некој Дионисиј, уште полут мачител на христијаните, а самиот го изведе од затворот Саватиј и почна да го суди. Кога мачителот го запраша Саватиј кој е и каков чин има, тој му одговори: „Мојот чин и моето достоинство, и татковина, и слава, и богатство мое е Христос, Синот Божји, секогаш жив, врз Чија Промисла вселената стои и се управува.“ За ова го биеја и го растргнуваа, го стружеа со железо, додека не му излегоа коските од под месото. Во тие маки и заврши. А Трофим, мачителот Дионисиј го удри на големи маки и го држеше во затвор за уште поголеми. Тогаш кај Трофим во затворот дојде и му служеше некој сенатор Доримедонт, потаен христијанин. Кога дозна за ова, мачителот почна да ги мачи двајцата и најпосле ги фрли пред ѕверови. Но, ѕверовите не ги ни допреа. Свети Доримедонт намерно ја дразнеше мечката влечејќи ја за уши за да го растргне, но при сето тоа мечката му се умилкуваше. На крајот, мачителот нареди и Светите Трофим и Доримедонт ги убија со меч. Душите на овие маченици царуваат на небесата.
2 октомври – Ден на Светите маченици Трофим, Саватиј и Доримедонт
Утре е голем и тежок христијански празник Св. Архангел Михаил кој секоја година се слави на 21 ноември, а по…
На 28 Ноември во 19:00 часот во НУЦК „Антон Панов“ – Струмица, ќе настапи група составена од студенти-волонтери од различни…
На почетокот на видео обраќањето Орбан ги откри причините за свикување на вонредната седница на унгарскиот совет за одбрана. „Среда…
Конечно и во Струмица доаѓа големиот детски – светски спектакл, Театарската претстава за деца “Пинокио, која е пропратена со новокомпонирани…
Владимир Ристов, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ: 30.000 ЕВРА РАЗЛИКА ВО ДОГОВОРИТЕ ЗА НАБАВКА НА…
ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦА: КОСТАДИНОВ ОТИДЕ ДО ПАРИЗ, ЗА ДА СЕ СЛИКА СО ПЛАКЕТА ОД ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ ОД УНИВЕРЗИТЕТ ВО СКОПЈЕ Костадинов…