СЛАБ ОДЗИВ ВО СТРУМИЦА: САМО 22 ЛИЦА СЕ ПРИЈАВИЛЕ ДА ГЛАСААТ ДЕНЕСКА НА ПРЕДВРЕМЕНИТЕ ИЗБОРИ ВО БУГАРИЈА!

октомври 2, 2022

Во 7 часот денеска во Македонија, на 7 избирачки места Бугарите од Македонија гласаат за вонредните парламентарни избори во Бугарија.

Најмногу од пријавени се во Прилеп – 46, Кавадарци – 45, Велес – 42 лица. Во Охрид се пријавиле седум, за да гласаат во Амбасадата на Бугарија во Скопје се пријавени девет, во Струмица 22 и во Штип -двајца. Во амбасадата во Скопје и во генералниот конзулат во Битола ќе гласаат и вработените и пријавени бугарски граѓани.

Се гласа со хартиени ливчиња во сите населени места во државата.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ