Македонската влада одлучи да донира воени средства и опрема за Украина!

февруари 28, 2022

Владата на Република  Македонија попладнево соопшти дека се придружува на сеопфатната поддршка на сојузниците во НАТО и партнерите во ЕУ и донела одлука за донација на воени средства и опрема за официјалните вооружени сили на Украина.

„Видот на средства кои се донираат се согласно барањата на Украина“, се наведува во владиното соопштение.

Инаку Европската унија одлучи да преземе чекор без преседан за купување оружје за Украина, соопштија вчера од унијата при објавувањето на новата серија санкции кон Москва поради руската инвазија врз соседната земја. Претходно голем дел земји поединечно одлучија да и испратат воена помош на Украина. Русија ја започна воената инвазија на 24 февруари.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: