Ковачевски најави забрана за набавка на морски плодови, бадеми и лешници во Владата!

септември 29, 2022

Премиерот Димитар Ковачевски денеска на вонредната прес конференција, по новинарско прашање околу тендерите за храна, во Владата истакна дека ќе се забранат морски плодови во Владата.

Тој вели дека не станува збор само за Владата, туку на сите ресторани преку СОЗР.

„При подготовката на мерките за ранливите категории на граѓани, јас веќе одлучив дека ќе има забрана за користење на морска храна во бифеата, исто така и на бадеми, лешници и.т.н. Ќе има забрана за нивна набавка“, рече Ковачевски.

Тој додаде дека средствата ќе бидат насочени кон директна финансиска помош на ранливите категории.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: