Костадин Костадинов, градоначалник на општина Струмица:
Владата на Република Македонија е отворена и транспарентна за широка дискусија во правењето пресек на мерките и случувањата во 2022 година, но и за планираните насоки и визијата што ја има за оваа година.
Денеска ја имам честа да присуствувам на свеченото отворање на дводневната годишна конференција „Година на нови можности“, којашто во организација на Владата се одржува во Скопје.
Конференцијата ја отвори претседателот на Владата, Димитар Ковачевски.
Оваа Влада знае и може, најголемата светска економска и енергетска криза да ја претвори во нови можности кои ќе обезбедат подобри услови за живот на сите граѓани.
Поддршка за Владата којашто во нејзиниот фокус ги има европската иднина на државата и подобрувањето на стандардот на граѓаните.