СЛАВЕ АНДОНОВ: Започна реновирањето на подрачното училиште „Атанас Нивичански“ во Висока Маала!

јануари 30, 2023

Славе Андонов, градоначалник на општина Василево:

🤝 По остварената работна средба со делегација од Rumeli Türkleri Kültür ve Dayanışma Derneği од Турција, училиштето почна да го менува својот лик.

🧑‍🏫 Нашата мисија е да обезбедиме подобри услови за учениците . Верувам дека со нашите меѓународни партнери и сите донатори ќе успееме да го подигнеме квалитетот на образованието во нашата општина.

🏢Реновирањето на училиштето во Висока Маала опфаќа реконструкција на кровот,нови клупи,столови,нов под во училниците, нови училишни тоалети, компјутер за секој ученик,нови печки за загревање на училниците и др.

🇲🇰🇹🇷 Турција е земја во која живеат голем број Македонци и заеднички можеме да реализираме повеќе проекти.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ