МИТЕ МИТРОВ ИЗБРАН ЗА НАЈДОБАР ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИК НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА ВАСИЛЕВО!

декември 29, 2022

Славе Андонов, градоначалник на општина Василево:

По претходно потпишаниот договор со Независниот синдикат на полицијата, претставуван од претседателот на НСП СВР Струмица, Миле Милески и претседателот на НСП ПС Струмица и ПО Ново Село, Славе Стојанов, а на предлог на старешини во ПС и БПС Струмица, беше доделена плакета за најдобар полициски службеник на територијата на Општина Василево, на Мите Митров.

На Митров, му посакав наградата да му биде дополнителна мотивација за континуитет во залагањата за уште поуспешно спроведување на неговите секојдневни обврски во насока на подобрување на безбедноста на општина Василево и неговата работа да биде стимул и за останатите негови колеги полицајци од општина Василево, кои заедно се одговорни за безбедноста на сите граѓани.

Му посакуваме многу успех во иднина на професионален и приватен план.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: