ЖИТЕЛИТЕ НА БАНСКО, МУРТИНО И ГАБРОВО ПОБАРАА ТАМПОНИРАЊЕ НА ПОЛСКИТЕ ПАТИШТА, АСФАЛТИРАЊЕ НА СОКАЦИ И ЧИСТЕЊЕ НА КАНАЛИТЕ И ФИЛТЕР СТАНИЦАТА ВО БАНСКО!

ноември 17, 2021

Тампонирање на полски патишта, асфалтирање на сокаци, чистење на каналите и филтер станица во Банско, се дел од барањата на жителите на населените места Муртино, Банско и Габрово, каде што градоначалникот Костадин Костадинов со неговиот тим одржа Јавни собири.

Јавните собири со граѓаните продолжуваат вечерва во населените места Свидовица, Куклиш и Костурино, на кои ќе се разговара за потребите и приоритетите кои ќе се реализираат со средства од буџетот за 2022 година.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ