Home

Perdormire
Политика Струмица

Зеленски бара по „забрзана постапка“ членство во НАТО!

Home

Украина официјално ќе побара „забрзано членство во НАТО“, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Преземаме одлучувачки чекор со потпишување на апликацијата на Украина за забрзано членство во НАТО“, рече тој во видео обраќањето

Украинскиот лидер тоа го соопшти неколку минути откако Русија ја официјализираше анексијата на четири украински региони.

Украинскиот лидер додаде дека Киев е подготвен да преговара со Москва, но не со Владимир Путин, туку со друг руски претседател.

„Подготвени сме за дијалог со Русија, но со друг претседател на Русија“, објави Зеленски во видео пораката.