ЗАПОЧНА СО РЕАЛИЗАЦИЈА ПРОЕКТОТ ЗА УРЕДУВАЊЕ НА ОКОЛИНАТА ВО БЛИЗИНА НА МАНАСТИРОТ СВ. „ЛЕОНТИЈ“ ВО ВОДОЧА!

мај 8, 2020

Денес, започна со реализација проектот за уредување на околината во близина на Манастирот Св. „Леонтиј“ во Водоча кој е во целост финансиран од Европската Унија.

Во рамки на проектот е предвидено изградба на парк во близина на манастирот, уредување на влезот на населеното место Водоча и изградба на патека до помошните објекти на манастирот.

Општина Струмица продолжува да ги користи сите расположливи фондови на Европската Унија за развој и подобрување на инфраструктурата во близина на туристичките локалитети и културно – историските знаменитости.

Погледнете ја видео анимацијата со активностите кои ќе бидат реализирани со финансиска поддршка на ИПА Програмата за прекугранична соработка 2014 – 2020.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ