Започна реконструкцијата на дел од улицата „Кирил и Методиј“, на потегот од улицата „Петти ноември“ до улицата „Партизанска“

април 7, 2023

Денес започна реконструкцијата на дел од улицата „Кирил и Методиј“, на потегот од улицата „Петти ноември“ до улицата „Партизанска“.

Пред неколку месеци беше извршена рехабилитација на оваа иста улица со поставување втор асфалтен слој, на потегот од улицата Тошо Арсов до улицата „Петти ноември“, во вкупна вредност од 1.600.000 денари.

Поради големи оштетувања на овој дел од улицата, на кој денес започнаа градежните активности, ќе се изврши целосна реконструкција, со отстранување на постоечкиот асфалт, замена на тампонскиот материјал и поставување нов (прв) асфалтен слој.

Вредноста на оваа градежна активност изнесува 1.700.000 денари, а финансиските средства за неа се целосно покриени од Буџетот на Општина Струмица.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ