Започна изградбата на мостот на реката Турија на локалниот пат Просениково – Сарај!

јуни 19, 2020

Коста Јаневски, градоначалник на општина Струмица:

Решаваме повеќегодишен проблем, обезбедуваме поврзување на три општини во нашиот микро регион и исполнуваме едно повеќегодишно барање на нашите сограѓани.

Се работи за класичен регионален проект којшто треба да ги поврзе сообраќајно и да ги подобри комуникациите меѓу општините Струмица, Босилово и Василево.

Овој проект го сработи општина Струмица бидејќи се наоѓа на нејзина територија, го аплициравме преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион кој на Советот беше изгласан како приоритетен и се аплицираше во Бирото за регионален развој од каде што успеавме да обезбедиме средства во висина од околу 10 милиони денари, а останатите повеќе од 4,5 милиони денари ги обезбедува општина Струмица вклучително и претходното проектирање и обезбедување надзор.

Инвестираме во инфраструктурата и обезбедуваме подобар живот на граѓаните.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ