За еден час ретроспективна изложба на творештвото на Ниче Василев и промоција на монографијата Ниче Василев – 50 години сликарство!

мај 17, 2022

Ретроспективна изложба на творештвото на Ниче Василев и промоција на монографијата Ниче Василев – 50 години сликарство ќе се одржи вечерва во НУ Завод за заштита на спомениците на култура и Музеј – Струмица со почеток од 20:00 часот.

„Уметноста отсекогаш претставувала фактор за формирање на човечката личност. Таа имаше и образовен карактер. Дали човекот бил повеќе креативен во сиромаштија? Да! Тоа е факт. Човечкиот нагон да опстане, но и да се усоврши себеси духовно, го прави креативен и творечки активен. Творечкиот нагон секогаш бил спротивставување на немаштијата. Во тој судир се твореле генијални дела, а најбогатите од тие времиња, кралеви, грофови, кнезови се поклонувале пред тие дела. Денеска се поклонуваме со респект пред уметноста на старите мајстори. Што се однесува до современото творештво, тоа како да се гуши во агресивниот технолошки развој. Пристапот кон делата денеска не е искрен како порано, без вистински чувства и емоции. Како сè да станало импровизација и ефектност без суштина.“

Ниче Василев (од монографијата 50 години сликарство).

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: