Вучиќ: Навивавме за Македонија на ЕП, сега очекувам Македонците да „скокаат“ за Србија!

ноември 24, 2022

Жешката спортска атмосфера во северното соседство се очекува дека да кулминира, со оглед што фудбалската репрезентација на Србија денеска ќе го одигра првиот меч на СП во Катар и тоа против еден од најголемите фаворити за златото, селекцијата на Бразил (20 часот).

Овој меч е топ-тема во сите дискусии, па не зачудува што и српскиот претседател се осврна на него во извршувањето на своите работни обврски. Меѓу другото, тој очекува Србите да ја имаат поддршката и од навивачите од целиот регион, меѓу кои и од Македонците.

„Верувам дека и браќата Македонци, односно најголемиот дел на Македонија, ќе навиваат за Србија, како што ние навивавме за нив на Европското првенство“, изјави меѓу другото Вучиќ.

Тој додаде дека се слушнал со селекторот Драган Стојковиќ за да им посака успех и им се заблагодари на фудбалерите што ги запоставија своите семејства за да тренираат и борат за својата земја. Популарниот Пикси најави дека Душан Влаховиќ ќе го предводи нападот на Србија, зашто Александар Митровиќ не е целосно подготвен.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: