ВТОР КОНЦЕРТ ВО СТРУМИЦА НА ДЕЧКИТЕ ОД „YU FOR YOU“ – ЌЕ ГИ ПЕЈАТ НАЈГОЛЕМИТЕ ХИТОВИ ОД ЗЛАТНИОТ ПЕРИОД НА ЈУГОСЛОВЕНСКОТО МУЗИЧКО ТВОРЕШТВО!

ноември 21, 2022

YU FOR YOU:

Почитувани љубители на добра музика. Со огромна чест и задоволство ве покануваме на нашиот втор концерт што ќе се одржи на 29.11.2022 во НУЦК Антон Панов во Струмица. Како и секогаш, па и сега ни е голем предизвик да настапуваме пред струмичката публика и се разбира ќе бидеме почестени со вашето присуство, а ние ќе дадеме се од себе да ги задоволиме вашите очекувања.

Оваа година екипата на YU FOR YOU ќе биде во проширен состав и тоа: Иван Кукиќ на бас гитара, Зоран Трендов на соло гитара, Иван Георгиев на клавијатури, Јан Стефановски на тапани. За придружните вокали ќе бидат одговорни нашите прекрасни другари Слободанка Иванов, Ване Панов, Стојан Иванов и Тодор Стефанов.

Ќе бидеме почестени со присуството на нашите специјални гости од Белград Игор Винс на перкусии, Стефан Илиќ на виолина и Јане Крстев на гајда. Бидете дел од двочасовното YU FOR YOU патување со најголемите хитови од златниот период на југословенското музичко творештво. Традицијата продолжува.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ