На денешната прес конференција на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски беше претставен предлог буџетот на МВР за 2022 година, чија вкупна вредност е 10 милијарди и 410 милиони денари. Се работи за буџет испланиран согласно развојната компонента за подобрување на работењето и реализирање на сите активности што се во надлежност на Министерството, како и негово непречено функционирање и работење за остварување на основните стратешки приоритети и цели.
Според Спасовски, овој буџет целосно ги одразува заложбите и приоритетите на МВР за континуирано системско реформирање на полицијата, преку етаблирање на принципите на владеење на правото во сферата на безбедноста, како еден од најкруцијалните фактори за просперитет на државата.
Во Предлог-буџетот на МВР обезбедено е зголемување на платите за вработените за пет проценти, со цел продолжување на процесот на усогласување на платите на припадниците на МВР согласно постоечките договори за зголемвуање на плати. Обезбедни се и средства на бонус плата, потенцира Спасовски, за остварени над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво во текот на 2021 година.