ВРАБОТЕНИ ВО МАКЕДОНСКА ПОШТА ВО СТРУМИЦА ДЕНЕСКА ИЗЛЕГОА НА ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ ПРОТЕСТ ПОРАДИ ЛОШИ УСЛОВИ ЗА РАБОТА И НЕРЕДОВНО ПРИМАЊЕ НА ПЛАТА!

октомври 20, 2022

Вработени во Македонска пошта во Струмица, денеска излегоа на предупредувачки протест. Како што велат тие за Струмица Денес, имале неисплатена плата и лоши услови за работа.

Протестот е предупредувачки. Имаме неисплатена плата и лоши услови за работа. Финансиската ситуација во компанијата е лоша и опстојувањето на самата пошта како државна институција е во знак прашалник“ – велат вработените.

Доколу денешниот протест не вроди со плод, вработените изјавија дека следува генерален штрајк во иднина.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ