ВО ЗАВРШНА ФАЗА Е ЦЕЛОСНА РЕХАБИЛИТАЦИЈА ЗА ДОБИВАЊЕ ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСЕН ОБЈЕКТ НА ООУ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ВО ВЕЉУСА!

март 6, 2023

Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:

Денес, со задоволство ве информирам дека во рамките на основниот Проект за реконструкција на основни и средни училишта во Република Македонија, во завршна фаза е целосна рехабилитација за добивање енергетски ефикасен објект, на ООУ „Гоце Делчев“ – Вељуса.

Целта на овој градежен зафат на училиштето во с.Вељуса, е да се добие употреблива и модерна градба, која истовремено ќе се вклопи во постојниот амбиент, со надополнување на просторот.

Согласно договорот за рехабилитација/реконструкција на училиштата за потребите на Министерството за образование и наука, вкупната вредност на работите изнесува 39.401.795,19 денари со вклучен ДДВ.

За крај сакам да истакнам дека вакви и слични ангажмани во делот на подобрувањето на севкупната функционалност на училиштата во општина Струмица, граѓаните треба да очекуваат и во наредниот период.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: