ВО СТРУМИЦА НАЈМНОГУ СЕ ИЗУЧУВА АНГЛИСКИОТ И ГЕРМАНСКИОТ ЈАЗИК – ИНТЕРВЈУ СО ПРОФЕСОРКАТА ЗОРИЦА СТОЈАНОВА ОД ЦЕНТАРОТ ЗА СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ СТЕП АП!

февруари 7, 2023

Центарот за странски јазици „Степ Ап“ во Струмица оваа година прославува 10 години успешно постоење. На наше задоволство имавме можност накратко да разговараме за нивните услуги и за тоа колку струмичани ги изучуваат светските јазици.

Струмица Денес: Колку години веќе активно постои Степ Ап?

Центар за странски јазици “Степ Ап”: Степ Ап постои од 2012 година во август 2022 год го прославивме и нашиот 10 годишен јубилеј.

Струмица Денес: Кои услуги им ги нудите на вашите клиенти?

Центар за странски јазици “Степ Ап”: На оние кои сакаат да научат странски јазик им нудиме можност за групна и индивидуална настава,подготовка за секаков вид на испити,а од оваа година нудиме и компјутерски курсеви,исто така вршиме и судски преводи на секаков вид документи од македонски на повеќе странски јазици и обратно.

Струмица Денес: Факт е дека дечињата па и повозрасните најмногу го изучуваат англискиот јазик. Освен англискиот, кои други јазици за изучување се застапени во Степ Ап?

Центар за странски јазици “Степ Ап”: Покрај англискиот јазик кој е најзастапен сепак во последните години огромен замав зема и изучувањето на германскиот јазик,а нудиме уште и Италијански,Турски,Бугарски,Арапски…

Струмица Денес: Дали имате некоја бројка отприлика колку досега кандидати изучувале било каков јазик кај вас?

Центар за странски јазици “Степ Ап”: Низ годините поминале огромен број ученици од сите возрасти,навистина не би можела да кажам конкретен број,но бројката е огромна за град како Струмица.

Струмица Денес: Каде и како може да ве пронајдат струмичани?

Центар за странски јазици “Степ Ап”: Центарот се наоѓа на ул.24-ти Октомври бр.36 веднаш наспроти централната детска градинка.

Струмица Денес: Порака за крај од Степ Ап до нашите читатели?

Центар за странски јазици “Степ Ап”: Има една народна поговорка која вели: “Човек е онолку богат колку што знае странски јазици”. Искористете го корисно слободното време и со наша помош бидете богати за уште еден странски јазик.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: