ВО СТРУМИЦА УТРЕ ПРОТЕСТ НА СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ПРОТИВ ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ, ЌЕ ЈА БОЈКОТИРААТ НАСТАВАТА!

декември 19, 2019

Утре (петок) со почеток во 14:00 часот, средношколците од Струмица организираат мирен протест на плоштадот „Гоце Делчев“ поради загадениот воздух во Струмица. Во својот евент тие напишаа дека наставата ќе биде бојкотирана од 11:00 до 15:00 часот.

„Во петок (20.12) во 14:00 ги повикуваме сите средношколци на мирен протест на Плоштадот Гоце Делчев во Струмица !!!Време е да се слушне гласот на младите и цврсто да се застане во одбрана на животната средина !!!
#ЗдравјетоПредПрофитот ✊♻️“ – напишаа тие.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ