strumica denes logo

Во Струмица се подготвува локален акциски план за заштита на жртви на семејно насилство

Автор:

Датум:

јуни 23, 2018

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

јуни 23, 2018

Категории:

Струмица

Во рамки на проектот Заштита на жртви на семејно насилство, кој го спроведува Организација на жени од Струмица, со финансиска поддршка од Општина Струмица, денеска се одржа првата од планираните три работилници за изработка на Локален акциски план за заштита на жртви на семејно насилство во Општина Струмица (2019 – 2020).

Целта на првата работилница за изработка на акцискиот план беше членовите на Локалното координативно тело за борба против семејното насилство во општина Струмица да извршат мапирање/анализа на моменталната состојба, да ги идентификуваат проблемите и приоритетите, врз основа на кои на наредните работилници ќе се дефинираат мерки за подобрување на пристапот до квалитетна грижа и третман на жртвите на семејно насилство во Општина Струмица и за координиран пристап и постапување на сите чинители кои се надлежни за заштита на оваа категорија граѓани.

По оваа работилница ќе следи истражување меѓу граѓаните заради утврдување на степенот на информираност со проблемот со семејно насилство, со квалитетот на работењето на граѓанските организации и институциите кои работат на оваа проблематика, задоволството или незадоволството на граѓаните од пружените услуги,  како и приоритетите кои во иднина треба да се реализираат. Ќе се спроведе и истражување со две фокус групи – со жртви на семејно насилство и претставници на институции, како и интервјуа со даватели на услуги на жртви на семејно насилство, а резултатите од истите ќе претставуваат насока за дефинирање на целите и мерките на Локалниот акциски план за заштита на жртви на семејно насилство.