Home

Perdormire
Струмица

ВО СТРУМИЦА НЕ СЕ ДИШЕ: ИЗМЕРЕНИ НАД 40 СТЕПЕНИ – ПОГЛЕДНЕТЕ КОГА СЛЕДУВА ОСВЕЖУВАЊЕ!

Home

Утре ќе се задржи многу топло време со натпросечни температури за овој период од годината, кои на места во југоисточниот дел од земјата ќе го надминат 40-тиот степен. И покрај топлото време во следните денови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Извесно опаѓање на температурата ќе има в недела и понеделник, најави Упрвата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Како што најави претходно УХМР, денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 33 до 41 степен.

Максимални темпартури до сабота ќе бидат во интервал од 32 до 40 степени, а во недела и понеделник од 30 односно 31 до 38 степени. За во вторник и во среда се прогнозирани максимални температури до 39 степени.