strumica denes logo

ВО СТРУМИЦА ЌЕ СЕ ОДРЖИ НОВОГОДИШЕН БАЗАР 2023!

Автор:

Датум:

декември 23, 2022

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

декември 23, 2022

Категории:

Струмица

Празнична атмосфера ќе ја обземе Струмица од 24-ти до 31-ви декември 2022 година, исполнета со многу забава и несекојдневна понуда на новогодишни производи. Отворањето на базарот е закажано во 13 часот, а веќе од 15:30 ќе може да уживаме во настапот на Ивана Василева, додека во 17 часот најмалите ќе може да се забавуваат со ликовите од „Во светот на Биби“.

Овогодинешниот Новогодишен базар 2023 повторно се враќа на познатата локација на Градскиот плоштад, заедно со сета своја магија сокриена во малите дрвени куќарки во кои ќе најдете исклучително ретки и уникатни изработки, прекрасни подароци за овие новогодишни празници. Топли и вкусни напитоци, вкусни колачи, разни ракотворби, сувенири и други производи ќе бидат само дел од богатата понуда на учесниците.

За забавата да биде на потребното празнично ниво, програмата ќе биде исполнета со многубројни настапи на звучни музички имиња и бројни детски настапи за најмалите.

Во прилог е целосната програма со термини по датуми.