ВО ООУ „САНДО МАСЕВ“ ВО СТРУМИЦА СЕ ВРШИ РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕЛ ОД ПОКРИВОТ, ВО ООУ „ДАМЕ ГРУЕВ“ ВО КУКЛИШ СЕ ПОСТАВУВА ТЕРМОИЗОЛАЦИОНА ФАСАДА, А ВО ООУ „СВ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО ДАБИЛЕ СЕ ОБЕЗБЕДЕНИ 4 СМАРТ ТАБЛИ И 10 КОМПЈУТЕРИ!

ноември 11, 2020

Општина Струмица ги реализира планираните инвестиции од Програмата за образование за оваа година и ги подобрува условите за воспитно – образовниот процес во училиштата.

Во ООУ „Сандо Масев“ во Струмица се врши реконструкција на дел од покривот, односно, на спортската сала со соблекувалните и преден дел на училиштето. Реконструкцијата опфаќа демонтажа и замена на дотраениот од салонид покрив со поставување панел сендвич и вертикални и хоризонтални олуци.

Во ООУ „Даме Груев“ во Куклиш се поставува термоизолациона фасада на стариот дел од училиштето.

Во ООУ „Св.Кирил и Методиј“ во Дабиле се обезбедени 4 смарт табли и 10 компјутери.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ