ВО ООУ „НИКОЛА ВАПЦАРОВ“ ДЕТСКА ФОНДАЦИЈА ОД ШВАЈЦАРИЈА ДОНИРАШЕ 30 ТАБЛЕТИ!

септември 29, 2020

Од страна на Детската Фондација Песталоци од Троген, Швајцарија во соработка со МЦГО од Скопје и општина Струмица како партнер во проектот „Јакнење на мултиетничката соработка во општините, во ООУ „Никола Вапцаров“ од Струмица, беа донирани 30 таблети, со цел да се подобри користењето на уредите со кои учениците ќе се приклучуваат на онлајн учењето односно користењето на содржината од Националната платформа за образование, во услови на пандемијата Ковид-19. Целта на проектот е да се подобри меѓуетничката интеграција во образованието преку спроведување на наставни и воннаставни активности со ученици од различно етничко потекло и на тој начин да се даде придонес кон зајакнувањето на мултиетничката соработка и толеранција во општините.

БРО и општините се клучни партнери во спроведувањето на сите проектни активности. Во овој проект учениците од различна етничка припадност ги развиваат вештините и компентенциите за интеркултурно образование (ИКО) преку активно учество во различни активности (заеднички секции, мешани часови, фокус групи, анкети) и имаат можност да запознаат други ученици кои следат настава на друг јазик, повеќе пријателства меѓу учениците од различна етничка припадност во и надвор од училиштето, наставниците применуваат ИКО во редовните часови врз основа на насоките добиени од советниците од БРО, подобрување на наставата и практиките на учење по предметот Граѓанско образование.

Воедно, на секцијата по математика, која работи преку добиениот грант од овој проект, им беа доставени потребните технички помагала и наставни средства.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ