Home

Perdormire
Настан Струмица

ВО НЕДЕЛА ПРОТЕСТ ВО СТРУМИЦА: ЌЕ СЕ БЛОКИРА КРСТОСНИЦАТА ПРЕД „ГЛОБАЛ“ – СЛОГАНОТ Е „СЛОБОДНИ ЛУЃЕ ЗА ЖИВОТ БЕЗ СТРАВ И БЕЗ СЕРТИФИКАТИ“

Home

Спонтаната граѓанска иницијатива СЛОБОДНИ ЛУЃЕ ЗА ЖИВОТ БЕЗ СТРАВ И БЕЗ СЕРТИФИКАТИ, ги повикува сите слободни луѓе на Струмица, околните градови и населени места, без страв, слободно и достоинствено да излезат на протестен марш за СЛОБОДА и ПРОТИВ СЕРТИФИКАТИ, кои значат поделба и раслојување во време во кое треба сите да бидеме ОБЕДИНЕТИ.

Маршот ќе се одржи низ улиците на Струмица, во недела 29.8. 2021 годона, со почеток од 18.45 на собирно место пред Пожарната, а ќе заврши со блокада на крстосницата со семафори пред ТЦ Глобал.

Ги охрабруваме сите слободољубиви граѓани, целиот еснаф на сите угостители, трговци, мали стопанственици и сопственици на семеен бизнис да ни се придружат во оваа благородна битка за СЛОБОДА И ДЕМОКРАТИЈА и ПРОТИВ СЕГРЕГАЦИЈА И ФАШИЗАМ.

ДЕНЕСКА НА УДАР СЕ НЕВАКЦИНИРАНИТЕ, УТРЕ ЌЕ БИДЕТЕ ВИЕ!

ДА НЕ ДОЗВОЛИМЕ СТРАВОТ ДА НЕ’ ВОДИ СИТЕ!

ДРЖЕЊЕТО НА СТРАНА И НЕЗАИНТЕРЕСИРАНОСТА КАКО ТОА ДА МУ СЕ СЛУЧУВА НА НЕКОЈ ДРУГ И КАКО ДА НЕ СЕ ОДНЕСУВА И НА НАС САМИТЕ, ПРАВИ ОД СИТЕ НАС СОУЧЕСНИЦИ ВО СОПСТВЕНОТО ПОРОБУВАЊЕ!

ИЗЛЕЗЕТЕ СИТЕ МАСОВНО ДА ЈА ВРАТИМЕ РАМНОПРАВНОСТА И ДЕМОКРАТИЈАТА!

НЕМА ОТСТАПУВАЊЕ, НЕМА ОТКАЖУВАЊЕ!