ВО НЕДЕЛА ЌЕ СЕ ОТВОРИ МАКЕДОНСКИ КЛУБ ВО БУГАРИЈА: Мицкоски најави присуство, Ковачевски ќе остане во Скопје!

октомври 26, 2022

Во недела во Благоевград ќе биде отворен македонскиоткултурен клуб „Никола Вапцаров“, кој претходно беше забранет, а на отворањето нема да присуствува премиерот Ковачевски. Тој изјави дека бил во Скопје, но ги повика сите оние кои имаат можност в недела да бидат во бугарскиот град, бидејќи како што рече, отворањето културни клубови е начин на кој се зближуваат граѓаните, но и државите.

За разлика од него лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со партиска делегација ќе присуствува на отворањето на клубот во Благоевград, потврдија од партијата.

Опозициската делегација засега е единствената за Благоевград.

Иницијативата за постоење на клуб “Никола Вапцаров” е на македонска организација од дијаспората, но Ковачевски најави и владина активност за отворање на македонски центар во Благоевград.

Покана за присуство е испратена и до македонската амбасада во Софија и новата амбадасорка Агнеса Руси Поповска, која денеска беше на прием во бугарското МНР по повод именувањето на функцијата.

Бугарскиот шеф на дипломатијата Милков го поздравил отворањето на културните центри во двете земји, но се пожалил на последните случувања во билатералните односи, конкретно поврзани со правата на Бугарите во Македонија.

“Двете страни се обединија околу мислењето дека од заеднички интерес е да се фокусираат повеќе напори за надминување на влијанието на негативните манифестации и повторно активирање на позитивната динамика во билатералните односи”, се вели во соопштението од бугарското МНР.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ