ВО ДОМОТ НА ЕДНО ЛИЦЕ ОД СТРУМИЦА ПРОНАЈДЕНИ И ОДЗЕМЕНИ БЕЛА ГРУТЧЕСТА МАТЕРИЈА, ТАБЛЕТИ И ДИГИТАЛНА ВАГА!

февруари 23, 2023

Денеска (23.02.2023) во 08.00 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода М.Т.(42) од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, таблети и дигитална вага. Тој бил задржан во Полициска станица Струмица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ