ВО ДОМОТ НА 22 ГОДИШЕН СТРУМИЧАНЕЦ ПРОНАЈДЕНИ И ОДЗЕМЕНИ ОКОЛУ 3 КИЛОГРАМИ МАРИХУАНА!

април 2, 2022

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Џ.А.(22) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „овозможување на употреба наркотични дроги’’. На 16.12.2021, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени 2.9 килограми марихуана. За време на претресот бил затекнат и М.А.(20) од Берово, кој заедно со пријавениот консумирал марихуана.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: