ВЛАДИМИР РИСТОВ: Депонија помеѓу библиотеката и студентскиот дом во Струмица – Работете, маркетинг триковите повеќе не ви поминуваат!

октомври 20, 2022

Владимир Ристов, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:

Пред неколку денови градоначалникот објави дека депонија на плоштад несмее да има, а тековното чистење беше прикажано како голем проект!

Еве Ви препорака за следна дестинација за чистење, повторно на плоштадот!

Просторот помеѓу институции од областа на културата. Библиотека и студентиски дом и премин каде секојдневно минуваат учениците од гимназијата.

Никој не го чисти, претворено во депонија, игли и шприцеви на насекаде и тоа во центарот на Струмица.

Сработете, народот ве научи, маркетинг триковите повеќе не ви поминуваат.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ