Владимир Ристов, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:
Пред неколку денови градоначалникот објави дека депонија на плоштад несмее да има, а тековното чистење беше прикажано како голем проект!
Еве Ви препорака за следна дестинација за чистење, повторно на плоштадот!
Просторот помеѓу институции од областа на културата. Библиотека и студентиски дом и премин каде секојдневно минуваат учениците од гимназијата.
Никој не го чисти, претворено во депонија, игли и шприцеви на насекаде и тоа во центарот на Струмица.
Сработете, народот ве научи, маркетинг триковите повеќе не ви поминуваат.