ВКУСЕН И БРЗ РУЧЕК: Пилешки плескавици со кашкавал

јануари 23, 2023

СОСТОЈКИ:

  • 500 гр пилешко месо
  • 2 чешниња лук
  • 1 мала главица кромид
  • магдонос
  • сол
  • сув зачин
  • 1 лажица презла
  • 1 лажица мајонез
  • 100 гр кашкавал за полнење

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  1. Пилешкото сомелете го во сецко. Исечкајте во сецко и кромид, лук и магдонос. Потоа спојте ги со мелено пилешко, додајте мајонез, презла, сол и зачин. Соединете. Рацете намастете ги и обликувајте плескавици и иситнете кашкавал. Спојте за да не истече во текот на пржењето.
  2. На врело масло пржете ги плескавиците додека не поруменат.

 

Добар апетит!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: