Почитувани родители и роднини, припремете ги вашите деца за уште едно доживување надвор на чист воздух, кое ќе биде еден вид на комбинација на забава, рекреација, дружба и со една мала доза на натпреварувачки карактер.
Со задоволство ви ја најавуваме „Трката со баланс велосипеди“ на ден среда 28.07.2021 од 19 часот, кој ќе биде спроведен од велосипедскиот клуб – Актив, во рамките на Струмица Опен Фест 2021. Поттикнати од големиот интерес што го имаше овој настан кај децата од минатата година и оваа година зборното место на овој настан го одредуваме во Градскиот Парк на Струмица, на асфалтниот дел веднаш до детската градинка.
Право на учество имаат сите деца кои имаат наполнето 2 години а не се повозрасни од 7 години. Наш совет е вашето дете на нозете да има удобни патики, а велосипедот и заштитната кацига ги обезбедуваме ние, при што целата патека ќе биде обезбедена со заштитни перници а воедно ги замолуваме родителите и роднините да не влегуваат на патеката додека трае трката, за тоа се одговорни членовите на велосипедскиот клуб – Актив.
Во деновите понеделник и вторник со време од 19.15 часот во Градскиот Парк на Струмица, на асфалтниот дел веднаш до детската градинка најавуваме и тренинг и пробно возење за сите деца кои би сакале да ги пробат баланс велосипедите, и во среда да учествуваат на трката.
НАПОМЕНА: Строго е забрането фрлање било каков отпад
ЗАШТИТНИ МЕРКИ ПРОТИВ COVID-19: Почитување на сите мерки за претпазливост кои се пропишани со законот.