(ВИДЕО) СТРУМИЦА ИМА ДОЛГ КОНТИНУИТЕТ НА РАЗВИЕН ЦЕНТАР – ОТКРИЕНА НАЈСТАРАТА ГРОБНИЦА ВО СТРУМИЧКО!

мај 17, 2020

Засведена гробница од римскиот царски период откриена во стариот дел на Струмица. Гробницата е откриена на приватен имот при ископ на темели за изградба на нов станбен објект. Струмичкиот завод и музеј информацијата за оваа стара градба ја добил од сопственикот на парцелата кој по договор ги стопирал градежните активности и дозволил археолошки истражувања на неговиот посед. Според првичните сознанија гробницата е датирана од 2 или најдоцна трети век и најверојатно за сега е најстарата на територијата на Струмица за која постојат информации. – стои во објавата на СИТЕЛ

,,За жал гробницата е ограбена, најверојатно уште во антиката, можеби подоцна и во средниот век затоа што за време на истражувањата внатре најдовме еден сад средновековен, најверојатно од 11, 12 , 13 век. Друг материјал немаше. Околу имаше нешто, околу неа, фрагменти од теракотни фигурини.,, вели Ване Секулов, археолог.

Според археолозите од струмичкиот завод и музеј ова ново откриетие само ги потврдува нивните сознанија дека во стариот дел на градот се кријат многу остатоци од културното наследство кои укажуваат на фактот дека Струмица има долг континуитет на развиен центар. Силната урбанизација која започнала после првата светска војна е една од главните причини поради која ретко се добивала можност за истражување на овој дел. – се вели во прилогот на СИТЕЛ

,, Потврда е тоа уште една дека под денешна Струмица се крие еден голем, богат и развиен град од антиката за кого се уште не сме сигурни за кој станува збор. Секој од нас истражувачите си има своја теорија, но едно е сигурно дека тука и во околината егзистирал баш еден град во кој живееле луѓе доволно богати за да можат да си подигнат, односно нивните наследници да им подигнат таков тип на гроб.,, вели Секулов.

Сопствениците на парцелата гробницата ја откриле уште во средината на март, но поради пандемијата со корона вирусот и процедурите за добивање на сите потребни дозволи археолозите на терен излегле пред неколку дена. Согласно препораките од здравствените власти екипата која го истражува објектот ги применува неопходните мерки за заштита, се носат заштини маски и се држи потребното растојание. – пренесува СИТЕЛ

Оригиналната вест може да ја погледнете со кликнување ОВДЕ
Извор: СИТЕЛ

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ