ВИДЕО: Најдобриот божиќен концерт според професорите на СОУ „Јане Сандански“

декември 17, 2019

https://www.facebook.com/SouJaneSandanski/videos/1110512155946507/?t=2

 

Во чест на јубилејот – 10 години одржување на хуманитарните новогодишно-божиќни концерти на СОУ „Јане Сандански“ дел од професорите застанаа пред камера за да ги споделат нивните сеќавања. Тие добија задача да издвојат еден најомилен концерт од досегашните девет изданија и да го раскажат моментот кој им оставил најсилен впечаток.

Некои беа навистина неодлучни, а дел од нив брзо ја освежија својата меморија и издвоија неколку омилени настапи и изведби.

„Претставуваат едно посебно доживување за сите нас и целиот град, не само од аспект на хуманитарниот карактер туку затоа што изобилуваат со различна содржина и жанрови. Од година во година не знаеме што ново ќе се случи“, истакна професорката Софија Тошева.

Целото видео може да го погледнете тука:
https://www.facebook.com/watch/?v=1110512155946507

Јубилејниот концерт со наслов „ДЕЦЕНИЈА“ ќе се одржи на 5 јануари во НУЦК „Антон Панов“. Овој петок ќе бидат пуштени во продажба влезници за двата термина (18:00 и 20:00) по цена од 150 денари. Средствата ќе бидат дониранин за лекување на наши сограѓани.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: