ВЕРО И ЏАМБО ДОАЃААТ ВО СТРУМИЦА – СТРАНСКА ИНВЕСТИЦИЈА ВРЕДНА 3 МИЛИОНИ ЕВРА!

февруари 15, 2023

Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:

Нова директна странска инвестиција!

Аирлија мои струмичани, познатите брендови Веро и Џамбо ќе ги имаме и во Струмица!

Денеска му го предадов одобрението за градба на сопственикот на компанијата Веропулос, Николаос Веропулос.

Инвестицијата изнесува 3 милиони евра, а ќе се реализира во северниот дел од градот во новопланираната станбена зона покрај магистралниот пат на излезот од Струмица кон Василево.

Во новиот Веро маркет и продавницата Џамбо ќе се вработат 70 наши сограѓани.

Трговскиот објект со супермаркет ќе има современа архитектонска градба и атрактивен облик на површина од 5.000 метри квадратни.

Со 300 маркети брендот Веро е еден од најуспешните продажни синџири во трговијата на мало на Балканот.

И во време на голема криза нашата Струмица е препозната Општина за нови инвестиции.

Струмица се сака од срце ❤️

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: