Вечерва во „Вила Парк“ во Струмица тренинг за личен развој со Денис Ампов, заинтересираноста е голема!

ноември 15, 2019

Со почеток од 19:30 часот, вечерва во Хотел „Вила Парк“ ќе се одржи тренинг за личен развој со Денис Ампов. Организаторот вели дека заинтересираноста е голема и се среќни поради тоа, бидејќи навистина има што да се научи и слушне од самиот тренинг. Воедно, Денис ги поканува сите оние кои се заинтересирани да присуствуваат на истиот.

КОЈ Е ДЕНИС АМПОВ?

ДЕНИС АМПОВ: Денис е личност која сака промени, живее брзо и исполнето. Од најрани години сакам да експериментирам, продажбата е нешто што ме интересира од најрано детство. Уште во училишните денови постојано сакав нешто да продавам, но до тој момент мојот главен фокус беше на кошарката, од која се откажав поради повреди и лошата состојба во македонскиот спорт. Моето ново поглавје во животот започна на 21 година, кога ја добив работата во Пивара Скопје како унапредувач на пазар. Каде после неполни две години бев унапреден во Тим Лидер за продажба. Во моментот кога бев унапреден, си ветив дека ќе создадам нешто што ќе ги учи младите луѓе да бидат високо мотивирани и посветени на сопствениот развој како би можеле на многу полесен начин да дојдат до остварување на сопствените цели. Со тоа ја создадов и мојата консултантска куќа Смарт Степс, која моментално е активна на повеќе полиња.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ