Денеска од 19:00 часот пред ЛУБ „Благој Јанков Мучето“ ќе бидат изложени делата направени од учесниците на ликовната работилница со професор м-р Митко Тошев.
Учесниците на оваа бесплатна работилница имаа можност да совладаат неколку техники на сликање со кои во иднина ќе може подобро да ја покажат својата креативност и да ја преточат во нивни дела.
Овој настан е 17-ти по ред од богатата програма на Струмица ОПЕН фестивал. Досега се одржаа спортски натпревари, како и вечери на поезија и афоризми, кино на отворено, board games, неколку концерти.
Од 9 до 15 август настаните ќе се префрлат на малата музичка сцена „Чешмичка“.