ВЕЧЕРВА НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ ДА ГИ ПОМЕСТИТЕ СТРЕЛКИТЕ НА ЧАСОВНИКОТ!

март 28, 2020

Од ноќеска почнува летното сметање на времето. Вечерва стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час напред, што значи дека наместо два ќе биде три часот.

Летното сметање на времето завршува на 25 октомври во 3 часот по полноќ.

Од 2021 година треба да стапи во сила предлогот за укинување на задолжителното поместување на часовникот во земјите од Европската унија.

Предлогот беше усвоен од страна на Европскиот парламент, но сепак секоја членка на Унијата ќе има можност да избере дали ќе остане на летно или на зимско сметање на времето.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ