ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ЗА СТРУМИЧАНИ: „КОМУНАЛЕЦ“ ВО НЕДЕЛА СО ГОЛЕМА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ ОТПАД ВО СТРУМИЦА – СЕКАКОВ ВИД ОТПАД ПРИЈАВЕТЕ ГО НА 13-110!

јули 22, 2021

Во Недела ЈПКД „Комуналец„ Струмица од 07 до 16 часот започнува со голема акција за чистење отпад во градот Струмица. Во акцијата е планирано да се испразнат сите контењери, да се исчисти сметот околу нив, како и да се исчистат сите мини депонии направени од несовесни граѓани низ улиците на градот. За да не се повторува ваквата грда и лоша слика со мини депонии по улиците апелираме до сите граѓани кои имат секаков вид смет по дворовите и подрумите истиот да го извадат пред дворовите и да го пријават на телефонскиот број 13-110 во Сабота од 07 до 19 часот како и во Недела од 07 до 12 часот и истиот ке биде подигнат во текот на акцијата.

Воедно истиот ден ке биде исчистена и трим патеката до манастирот Св. Илија како и просторите околу манастирот и Царевите Кули. Оваа се со цел да овозможиме пријатен престој и уживање во убавината на овие локалитети кои ќе бидат посетени од голем број граѓани за време на празникот Св Илија.

За да ја зачуваме природата чиста и убава укажуваме до сите посетители својот отпад да го фрлат исклучиво во кантите за отпад. Да дадеме допринос со тоа што сите својот отпад ќе го соберат во кеса и истата ја депонираат во најблиската канта за отпадоци.

Колку повеќе се грижиме за природата толку повеке ќе уживаме во целиот нејзин раскош.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ