Perdormire
Струмица

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ОД СТРУМИЧКО ЗА ПОТРЕБА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ АКТИВНОСТИ ВО ДЕНОВИТЕ ОД ВИКЕНДОТ!

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува сите земјоделци кои не се евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС), а кои имаат потреба за извршување на земјоделски активности во деновите од викендот (11-12.04.2020 година), телефонски да ги известат Општинските кризни штабови во местото на живеење, каде ќе ја најават потребата од дневна земјоделска активност.

Потребата за движење неевидентираните земјоделци треба да ја најават во Кризните штабови, еден ден однапред најдоцна до 20 часот.

При тоа треба да дефинираат точно време и место на извршување на земјоделските активности.

Напоменуваме дека Општинските кризни штабови нема да издаваат дозволи за движење, туку само ќе ги евидентираат земјоделците кои го пријавиле своето барање за непречено движење поради извршување земјоделски активности, а потоа списокот на лица ќе биде доставен до надлежните полициски организациски единици (Одделение, Станица, ОВР, СВР). На овој начин на неевидентираните земјоделци ќе им се овозвожи непречено движење во викенд деновите, со цел извршување на тековни земјоделски активности.

Телефони за контакт во Општинскиот штаб за заштита и спасување Струмица:

076 483 025

076 483 028

076 483 316

076 443 969