Perdormire
Струмица

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД „КОМУНАЛЕЦ“: СИТЕ ПАЗАРИ ОД САБОТА НЕМА ДА РАБОТАТ!

Следејќи ги најновите препораки на Владата за преземање дополнителни и заострени мерки и активности за превенција од ширење на корона вирусот согласно препораките на Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство ЈПКД „ Комуналец „ Струмица ги известува сите граѓани дека од сабота 28 март сите пазари за прехрамбени и земјоделски производи на отворено, вклучително и Кванташки пазар се затварат за работа. Се молат сите граѓани да ги следат наредбите на владата и да го почитуваат полицискиот час.