Васил Гарванлиев – Од „Марионка“ до оперска приказна кон ѕвездите!

декември 28, 2020

Го паметиме како малото, слатко момченце што пееше „Марионка, Марионка личи на Јапонка“ на Златно Славејче, а денес е успешен оперски пејач во Торонто којшто ги полни салите насекаде во светот.

Иако канадската публика го знае повеќе од нас и имаше повеќе привилегии да го слуша неговиот баритон, ние сме горди со овој редок талент кој потекнува од нашата Струмица, а веќе има светска слава.

Васил го допре врвот на светот на класичната музика и преку соработката со најпознатиот американски, а веројатно и светски челист, Јојо Ма. Во продолжение, потсетување на „Марионка“.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: