Васил Гарванлиев не се пласираше во финалето на Евровизија 2021!

мај 18, 2021

Македонскиот евровизиски претставник Васил Гарванлиев настапи на првото полуфинале на „Евровизија“ под реден број шест со песната “Here I stand”. Евровизијата, која е 65-та по ред, се одржува, во Холандија. Гарванлиев беше сам на сцената, а неговиот настап беше проследен со соло кореографија. Веднаш по него настапи Елена Сагриу претставник на Ирска.

За жал, тоа не беше доволно за Македонија да се пласира во финале.

Финалната ноќ, без нашиот претставник како дел од неа, ќе ја следиме во сабота на 22-ри мај.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ