УТРЕ ВО СТРУМИЦА НА ПЛОШТАДОТ, ДЕЧИЊАТА ЌЕ ЈА ОБЈАВАТ РАДОСНАТА ВЕСТ – ХРИСТОС СЕ РОДИ!

јануари 5, 2023

ТИВЕРИОПОЛ.МК:

Драги другарчиња, ние ги правиме последните подготовки за Бадникарскиот концерт кој пред Вас и пред Вашите родители ќе го изведуваме на 6 јануари 2023 година на градскиот плоштад „Гоце Делчев“ во 11 часот.

Претходно ќе се собереме во храмот „Свети Кирил и Методиј“ од каде што сите заедно ќе тргнеме во празнична литија да го најавиме Рождеството Христово.

Ќе го посетиме и градоначалникот на нашата општина, па ќе се упатиме кон плоштадот. Доколку сакате, можете да ни се приклучите заедно да ја споделиме Божиќната радост. Се гледаме!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ