strumica denes logo

Утре во Струмица е најавен марш против родово базирано насилство „Не молчи! Не трај! Стави крај!“

Автор:

Датум:

декември 7, 2021

Категории:

Настан, Струмица

Автор:

Датум:

декември 7, 2021

Категории:

Настан, Струмица

 

Почитувани,
Ве покануваме на Маршот против родово базираното насилство, кој ќе се одржи на 8 декември (среда), под слоганот: „Не молчи! Не трај! Стави крај!“.

На овој марш и во рамки на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“ ќе упатиме заедничка порака за охрабување на жените и девојчињата во Општина Струмица да не молчат и да стават крај на насилството и за поттикнување на релевантните институции за преземање на координирани и ефикасни мерки против родово базираното насилство.
Маршираме бидејќи насилството врз жените и девојчињата претставува брутален облик на дискриминација и кршење на основните човекови права, а тоа истовремено ја продлабочува и нееднаквоста меѓу жените и мажите.

Ве повикуваме да марширате заедно со нас, со почеток во 14.00 часот, пред зградата на Општина Струмица, од каде ќе продолжиме кон градскиот паркот до споменикот „Македонија“, каде ќе го завршиме маршот со обраќање на организаторите и Градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов.

Кога: 8 декември (среда), 14.00 – 15.00 часот

Собирирањето и поаѓањето почнува во 14.00 часот пред зградата на Општина Струмица