УТРЕ ВО КИНОТЕКА НА МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ ПРИКАЖАН ДОКУМЕНТАРНИОТ ФИЛМ „ТРН“

октомври 20, 2022

Утре, 21 октомври од 18:00 часот во Кинотека на Македонија ќе биде прикажан документарниот филм ТРН. Документарниот филм „Трн“ е посветен на актерот и граѓански борец и активист Стојан Велков Трн. Во филмот се опфатени повеќе фази од неговиот живот, но најбитен е психолошкиот пресек на неговиот внатрешен свет, духовна борба која во еден дел ќе премине во немилосрдна борба со општото зло.

Филмот е поделен на пет дела: Земја, Молк, Театар, Бунт и Дом.

Филмот својата премиера ја имаше на овогодинешното издание на Меѓународниот филмски фестивал Астерфест.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ